Изјава за заштита на лични податоци

Оваа веб-страница (понатаму во текстот „веб-страницата“) е составена од страна на компанијата Bayer Aktiengesellschaft.(понатаму во текстот „ние” или „нас”). Дополнителни информации околу субјектот кој ја составил веб-страницата може да најдете во делот импресум.

Постапување со лични податоци

Во овој дел би сакале да Ве информираме на кој начин постапуваме со Вашите лични податоци при користењето на нашата веб-страница. Освен ако не е поинаку наведено во овој дел, законската основа за постапување со Вашите лични податоци произлегува од фактот дека таквото постапување е потребно со цел овозможување на функционалностите на веб-страницата побарани од Ваша страна (член 6(1)(б) Генерална регулатива за заштита на личните податоци).

Користење на веб-страницата

Пристап до веб-страницата

При внесувањето на името на нашата веб-страница, Вашиот прелистувач испраќа одредени информации до нашиот веб-сервер. Тоа се прави поради технички причини со цел да Ви се обезбедат бараните информации. Со цел да Ви се олесни пристапот до веб-страницата, се собираат следните информации кои се чуваат краток временски период и се користат соодветно:

  • IP-адреса

  • датум и време на пристапување

  • Разлика во временските зони споредено со средното време по Гринич (GMT)

  • Содржина на барањето (конкретна страница)

  • Статус на пристапот/HTTP статусен код

  • Обем на пренесени податоци

  • Веб-страницата која побарала пристап

  • Прелистувач, јазични поставки, верзија и површина на оперативниот систем на софтверот за прелистување

Исто така, за да ги заштитиме нашите законски интереси, таквите податоци ги чуваме ограничен временски период со цел следење на личните податоци во случај на неовластен пристап до нашите сервери или обид за неовластен пристап до нашите сервери (член 6(1)(ѓ) Општа регулатива за заштита на личните податоци).

Поставки за колачиња

Што се колачиња?

Веб-странцата користи т.н. „колачиња“. Колачињата се мали текстуални датотеки кои се зачувуваат во меморијата на Вашиот терминален уред преку Вашиот прелистувач. Во нив се содржат одредени информации (на пример, Вашите јазични поставки или поставките за страницата) кои прелистувачот (во зависност од животниот век на колачето) ни ги препраќа нам при наредната посета на нашата веб-страница.

Какви видови колачиња користиме?

Користиме два вида колачиња: (1) функционални колачиња, без кои функционалноста на веб-страницата ќе се намали и (2) изборни колачиња кои се користат на пример за анализа на веб-страницата и за маркетинг цели. Во следните табели е даден детален опис на изборните колачиња кои ги користиме:

Изборни колачиња

Име

Цел и содржина

Животен век

Провајдер

Согласност

Веб-страницата не користи изборни колачиња.

Како да се откажат поставките за колачиња

Нашата веб-страница може да ја користите без никакви колачиња. Во Вашиот прелистувач, во секое време може да го конфигурирате или целосно да го деактивирате користењето на колачиња. Меѓутоа, во таков случај може да дојде до намален број на функции или до негативно влијание врз соодветноста за користење на нашата веб-страница. Користењето на изборните колачиња може да се исклучи со помош на избирање на соодветната опција назначена во табелата погоре.

Формулари за контакт

Може директно да нè контактирате преку формуларите за контакт достапни на нашата веб-страница. Конкретно, може да ги доставите следните информации:

  • Име, презиме, пол и функција

  • Информации за контакт (на пример, е-пошта, телефонски број)

  • Трансакциски број (на пример, идентификациски број на барање)

  • Порака

  • Професионални квалификации

Информациите кои ни ги доставувате преку формуларите за контакт ги обработуваме исклучиво за целите на обработка на Вашите конктетни барања. Таквите информации ги бришеме во оној момент кога веќе не ни се потребни за обработка или следење на Вашето барање.

Информации за несакани дејства и поплаки во врска со квалитетот

Веб-страницата не е наменета и не е дизајнирана за комуникација поврзана со несаканите дејства, отсуство на терапевтски дејства, грешки со лекови, производи кои се нудат на црниот пазар/фалсификувани лекови, неточно користење или користење на лекови надвор од одобрените индикации, поплаки за квалитетот

и/или други прашања поврзани со безбедноста или квалитетот на производите на „Bayer“. Доколку сакате да пријавите несакани дејства или да поднесете поплака за квалитетот на производите, Ве молиме обратете се до Вашиот медицински работник (односно, лекар или фармацевт), Вашите локални здравствен власти или одете на нашата веб-страницаза да пријавите несакани дејства.

Доколку сепак ни доставите инфомација за несакани дејства или други проблеми поврзани со безбедноста или квалитетот на производите на „Bayer“, ние сме законски обврзани да ја разгледаме таквата пријава и ќе Ве контактираме за дополнителни појаснувања, доколку има потреба. Следствено, ќе ги известиме надлежните здравствени власти за проблемите кои сте ги пријавиле. Во таков случај, Вашите информации се препраќаат во псевдонимизиран облик, односно, не доставуваме податоци кои директно го откриваат Вашиот идентитет. Исто така, можно е таквите псеводнимизирани известувања да ги испратиме до компаниите во рамки на нашата Групација и нашите партнери, до оној степен до кој и тие се обврзани да ги известат нивните надлежни здравствени власти.

Пренос на лични податоци за овластена обработка

До одреден степен, при обработката на Вашите лични податоци ги користиме услугите на специјализирани договорни субјекти. Таквите договорни субјекти се внимателно избрани и подлежат на редовно следење на нивните активности од наша страна. Врз основа на соодветните договори со субјектите кои вршат обработка на лични податоци, тие вршат обработка на лични податоци исклучиво врз основа на нашите упатства и строго согласно нашите насоки.

Обработка на лични податоци надвор од ЕУ/ЕЕО

Вашите лични податоци делумно ќе се обработуваат во земји надвор од Европската унија (ЕУ) или Европската економска област (ЕЕО), кои може да имаат пониско ниво на заштита на личните податоци од земјите во ЕУ. Во такви случаи, ќе се погрижиме да се обезбеди доволно ниво на заштита на Вашите лични податоци, на пример, преку склучување на соодветни договори со нашите договорни парнери (може да поднесете барање за добивање на копија од таквите договори) или од Вас ќе побараме експлицитна согласност за обработка на Вашите податоци.

Информации за Вашите права

Следните права Ви се генерално достапни согласно законите за заштита на личните податоци кои се на сила:

  • Правото на информирање за Вашите лични податоци кои се чуваат од наша страна;

  • Правото на барање на исправка, бришење или ограничена обработка на Вашите лични податоци;

  • Правото на приговор на обработката на личните податоци поради наш сопствен легитимен интерес, јавен интерес или профилирање, освен ако можеме да докажеме дека постојат релевантни и оправдани причини кои ги суспендираат Вашите интереси, права и слобода, или ако таквата обработка се врши за цели на потврдување, примена или бранење на дадени правни барања.

  • Право на преносливост на податоците;

  • Право на поднесување поплака до властите надлежни за заштита на личните податоци;

  • Во секое време може да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци. За дополнителни информациите, видете ги поглавјата во кои е опишана обработката на личните податоци врз основа на согласност од Ваша страна.

Доколку сакате да ги остварите Вашите права, Ве молиме обратете се до лицето за контакт дадено подолу. (-> Контакт).

Контакт

Доколку скате да ги остварите Вашите права, Ве молиме барањето да го доставите со помош на формуларот за контакт или до нашата канцеларија за заштита на личните податоци назначена подолу.

 

Службеник за заштита на личните податоци на Групацијата

„Bayer AG“

51368 Леверкузен

Измени и дополнувања на Изјавата за заштита на лични податоци

Изјавата за заштита на лични податоци подлежи на повремено ажурирање. Ажурираната верзија на Изјавата ќе биде објавена на нашата веб-страница. Измените и дополнувањата стапуваат на сила со објавувањето на нашата веб-страница. Затоа, Ви препорачуваме редовно да ја посетувате веб-страницата и да се информирате за можните ажурирања.

  

Последно ажурирање: 13.02.2019 год.