Услови за користење

Пристапот до веб-страницата и нејзиното користење подлежи на следните правила. Користете ја веб-страницата само доколку се согласите со овие услови. Веб-страницата е развиена од Bayer Aktiengesellschaft, 51368 Леверкузен, Германија (понатаму во текстот „BAYER“) и истата компанија е администратор на веб-страницата . Го задржуваме правото на укинување или на делумно или целосно менување на веб-страницата или на Општите услови за користење, на Општите услови и на Условите за продажба и испорака. Таквите измени ги правиме врз основа на нашето дискрециско право и без никаква претходна најава. Така, при наредната посета на нашата веб-страница Ве замолуваме повторно да ги разгледате условите со цел да се информирате за евентуалниѕе измени или дополнувања кои биле направени.

Отстапување за цели на користење и придобивки

Сите податоци, документи и илустрации објавени на оваа веб-страница се единствено сопственост на „BAYER“. Дозвола за користење на веб-страницата се дава под услов на сите копии да се прикажат релевантните авторски права, податоците да се користат само за лични цели, податоците да не се користат за комерцијални цели, податоците да не се менуваат и дополнуваат на ниту еден начин и сите илустрации од веб-страницата да се користат исклучиво со соодветниот текст.

Трговски знаци и авторски права

Сите трговски знаци на оваа веб-страница се сопственост на „BAYER“, освен доколку не е поинаку утврдено или доколку на кој било начин не се толкуваат како права на трети лица. Изрично е забрането неовластено користење на овие трговски знаци или други материјали, а во спротивно, тоа ќе се смета за прекршување на авторските права, правото на заштитни знаци или на други права на индустриска сопственост.

Ограничена одговорност

Согласно податоците со кои располага, компанијата „BAYER“ ги собрала деталните информации дадени на оваа веб-страница од внатрешни и надворешни извори врз основа на извршена професионална анализа и проверка. Секогаш се стремиме кон тековно проширување и ажурирање на овој опсег на информации. Информациите на веб-страницата се единствено наменети за презентација на компанијата „BAYER“ и нејзините производи и услуги. Меѓутоа, не се прави никакво застапување и не се дава гаранција, ниту експлицитна, ниту имплицитна, за целосноста или точноста на информациите содржани на веб-страницата. Ве информираме дека иако информациите претставени на веб-страницата биле точни на денот на нивно објавување, можно е подоцна да се појави потреба за нивно ажурирање. Токму затоа, пред да ги користите на кој било начин, Ве молиме проверете ги информациите добиени од оваа веб-страница. Ве советуваме да извршите дополнителна сопствена проверка на советите што се дадени на оваа веб-страница - особено на нашите безбедносни табели со податоци и технички спецификации - и на нашите прозводи, и тоа во однос на нивната соодветност за процесите и целите. Доколку Ви се потребни совети или упатства за нашите производи или услуги, Ве молиме контактирајте нè директно. Корисниците на веб-страницата изјавуваат дека се согласуваат да пристапат до веб-страницата и да ја користат на нивен ризик. „BAYER“ и третите страни вклучени во пишувањето, продукцијата или преносот на оваа веб-страница не може да се сметаат за одговорни за какви било штети или повреди кои произлегле од пристапот или неможноста да се пристапи до веб-страницата или од користењето или неможноста за користење на оваа веб-страница или од фактот дека сте се потпреле на информациите дадени на оваа веб-страница.

Веб-страници на надворешни продавачи/врски

Веб-страницата содржи врски/упатувања кон надворешни веб-страници. Компанијата „BAYER“ само ги објавува таквите врски, но не ја одобрува нивната содржина. Компанијата „BAYER“ не прифаќа никаква одговорност за достапноста или за содржината на таквите веб-страници и не прифаќа никаква одговорност за штетите или повредите кои настанале како резултат на користењето на таквите содржини во каков било облик. Компанијата „BAYER“ не гаратира дека страниците наведени во врските содржат информации со постојан квалитет. Врските до други веб-страници на корисниците им се дадени само за полесно пребарување. Корисниците пристапуваат до таквите веб-страници на нивен сопствен ризик. Изборот на врските не ги ограничува корисниците на користење на таквите веб-страници.

Ваши податоци

Корисниците на оваа веб-страница се целосно одговорни за содржината и точноста на податоци кои ги испраќаат до компанијата „BAYER“, како и за почитувањето на какви било права на трети лица кои може да се вклучени во таквите обезбедени податоци. Корисниците на компанијата „BAYER“ и’ даваат согласност за чување на таквите податоци и за користење за целите на статистичка анализа или за која било друга наведена деловна цел, освен за оние информации кои содржат лични податоци, кои не припаѓаат во категоријата на матични податоци или податоци за користење (доколку текстов го користат подружниците во Германија, додадете: согласно членовите 14 и 15 од германскиот Закон за теле-медиуми (Telemediengesetz)). Конкретно, компанијата „BAYER“ има право на користење на содржината на таквите пораки, вклучувајќи ги и идеите, изумите, нацртите, техничките и стручните податоци содржани во нив, за каква било цел, како што е развој, производство и/или маркетинг на производи или услуги и за репродукција на таквите информации и за нивно ставање на располагање на трети лица без никакви ограничувања.

Меѓународни корисници

Компанијата „BAYER“ ја проверува, раководи и ја ажурира оваа веб-страница од следната адреса: Bayer Aktiengesellschaft, 51368 Leverkusen, Germany  .  
 
Производите споменати во оваа веб-страница се достапни во различни пакувања, во различни големини на пакувањата или со различни букви или ознаки, во зависност од земјата.  
 
Во САД, деловните активности ги врши корпорацијата „Bayer“. Ги замолуваме клиентите во САД да се обратат до еден од овие субјекти.

Продажба на производите на „BAYER“

Нашите производи се продаваат согласно тековната верзија на нашите Општи услови за продажба и испорака.

Меродавно право

Сите законски побарувања или судски постапки поврзани со оваа веб-страница или нејзиното користење се предмет на толкување на законите на Сојузна Република Германија, освен одредбите од меѓународното приватно право и Хашката конвенција во врска со униформното право на меѓународна продажба на добра од 1 јули 1964 година и со Конвенција на ОН за продажба од 11 април 1980 година.